Формирана Асоцијација на осигурително-брокерски друштва

Bez autora
Jul 07 2011

Формирана е Асоцијација на осигурително-брокерски друштва во рамки на Стпопанската комора на Македонија. Во Асоцијацијата ќе членуваат 15 осигурително-брокерски друштва. За претседател на Асоцијацијата со едногодишен мандат е избран Фарук Абедини, извршен директор на ЊИАСС брокер а.д. Скопје, а за потпретседатели се избрани Зоран Бундалевски, оперативен директор на Мобилити брокер од Скопје и Гоце Атанасов, извршен директор на Еуро експертс а.д. Скопје. Според Абедини Асоцијацијата на брокерските друштва е потребна заради усогласување на интересите во рамките на дејноста, а и за да учествува и да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози за прашања од заеднички интерес на членовите на Асоцијацијата и да покренува иницијативи за донесување закони и за нивна измена и дополнување, да иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите со други асоцијации и здруженија во рамките на Комората, како и да остварува меѓународна соработка.

Формирана Асоцијација на осигурително-брокерски друштваФормирана е Асоцијација на осигурително-брокерски друштва во рамки на Стпопанската комора на Македонија. Во Асоцијацијата ќе членуваат 15 осигурително-брокерски друштва.

За претседател на Асоцијацијата со едногодишен мандат е избран Фарук Абедини, извршен директор на ЊИАСС брокер а.д. Скопје, а за потпретседатели се избрани Зоран Бундалевски, оперативен директор на Мобилити брокер од Скопје и Гоце Атанасов, извршен директор на Еуро експертс а.д. Скопје.

Според Абедини Асоцијацијата на брокерските друштва е потребна заради усогласување на интересите во рамките на дејноста, а и за да учествува и да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислења и предлози за прашања од заеднички интерес на членовите на Асоцијацијата и да покренува иницијативи за донесување закони и за нивна измена и дополнување, да иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите со други асоцијации и здруженија во рамките на Комората, како и да остварува меѓународна соработка.

На конститутивната седница е потенцирано дека Асоцијацијата своите активности ќе ги насочува кон унапредување на бизнис-климата во земјата и поттикнување на имплементацијата на европски правила и стандарди во работењето, како и други активности од дејноста со цел за остварување подобри резултати и за заштита на клиентите во работењето.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik